Мбапе во Реал за рекорсни 250 милиони евра?!

Според неколку француски медиуми, Килијан Мбапе во новата сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид,. Голгетерот оваа недела имаше неколку разговори со сопственикот на ПСЖ, катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани и сите веруваа дека ќе биде договорено продолжување на соработката, но се случи спротивното.

„Мбапе ќе се приклучи на Реал Мадрид. Катарскиот емир и Флорентино Перез договорија цена од 200 милиони евра плус 50 милиони евра во вид на бонуси“, стои во објавата на француските медиуми.

Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ е со важност до јуни 2024 година, но самиот играч изјави дека нема да ја продолжи соработката. Поради оваа одлука на Мбапе, челниците на ПСЖ решија да го продадат уште ова лето за да заработат одлична сума од неговиот трансфер.

Слични објави