Мајами го победи Бостон и се пласираше во финалето на НБА плејофот

од Вести365.МК Ј.Р.

Мајами хит ноќеска го победи Бостон селтикс со 103:84 во седмиот натпревар од полуфиналето на НБА плејофот. Најефикасен на натпреварот беше Џими Батлер од Мајами со 28 поени. Кај Бостон се истакна Џејлен Браун со 19 поени. Мајами ја доби серијата со 4-3, откако имаше предност со 3:0 во победи. Во големото финале Мајами ќе се соочи со Денвер нагетс.

Слични објави