Мареј навести скорешно пензионирање од тенисот

од Вести365.МК Ј.Р.

Британскиот тенисер Енди Мареј навести денеска дека влегува во последните неколку месеци од својата професионална кариера.

„И натаму сакам да се натпреварувам и го сакам тенисот, но колку постар станува сè потешко да се натпреваруваш со младите играчи и да ја одржуваш формата. Веројатно не ми преостанува уште долго, но ќе дадам сè од себе во последните неколку месеци“, изјави Мареј.

Трикратниот грен – слем шампион вчера го првото коло на турнирот во Дубаи го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов со 4-6, 7-6, 6-3 и ја забележа само втората победа во 2024 година.

Поранешниот светски рекет број 1 во јули 2019 година го оперираше колкот и оттогаш се шпекулира дека би можел да ја заврши кариерата. 

Слични објави