ЛШ:Голеада на Халанд, Манчестер Сити до врв ја наполни мрежата на РБ Лајпциг

од Вести365.МК | М.Т.

Младиот норвешки фудбалер Ерлинг Халанд го одигра својот најдобар натпревар во Лигата на шампионите. Фудбалерот кој е роден во 2000 година на 25 натпревари од елитното натпреварување собра 31 гол. Норвежанецот. можеше да достигне уште еден рекорд, но Гвардиола на изненадување на сите во 63-та минута го замени.

Во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, Халанд до врв ја наполни мрежата на РБ Лајпциг. 22-годишниот фудбалер постигна дури пет гола, три во првото (22-та, 24-та и 47-мата минута) и два во второто полувреме (53-та и 57-та минута). Пеп Гвардиола на изненадување на сите во 63. минута со замената се погрижи да ги уништи соништата на одличниот напаѓач. Со пет постигнати гола Халанд се израмни со Меси и Луис Адријано, кои исто така ја погодиле мрежата пет пати на еден натпревар од Лигата на шампионите.

Инаку покрај Халанд, головите за Сити ги постигнаа Гундоган на почетокот на второто полувреме во 49-та минута, а Де Брујн ја запечати голеадата во судиското надополнување т.е. 92-та минута. Со вкупен резултат 7:1 Манчестер Сити продолжува понатаму.

Во вториот вечерашен натпревар во Порто екипите на Порто и Интер ремизираа без голови 0:0 и со вкупен резултат 0:1 Интер продолжува понатаму.

Слични објави