Лига Европа: Севилја и Мурињо, специјалисти за финалиња!

На мечот во Севилја, Јувентус прв се израдува, постигнувајќи гол во 65-та минута, стрелец беше Влаховиќ, само две минути по влегувањето во игра, и донесе предност од 1-0 за својот тим. Но, оваа предност траеше само шест минути, бидејќи Сусо постигна прекрасен гол за израмнување на 1-1. Тоа беше конечниот резултат по 90 минути игра, и натпреварот отиде во продолженија.

Во 95. минута, Ламела постигна гол со глава и го преврте резултатот на 2-1 во корист на Севилја. Ова е седмото финале во Лига Европа за андалузијците, кои досега имаат перфектен рекорд од шест победи. Тие се најтрофејниот клуб во ова натпреварување.

Втор финалист е екипата на Рома, која ја одбрани предноста од голот во Рим пред една недела против Баер Леверкузен, и со овој пласман најконтроверзниот светски тренер Жозе Мурињо докажа дека е вистински мајстор за европски мечеви. Римјаните им препуштија на “фармацевтите” да го имаат поседот на топката и шанси за шут, но не им дозволија да постигнат гол. Рома имаше само еден шут, кој заврши надвор од голот. Тактиката на Мурињо, цврстината и сигурноста на целиот тим им донесе реми и вкупна победа.

2J109X2 Jose’ Mourinho head coach of Roma gestures during the Italian championship Serie A football match between AS Roma and SS Lazio on March 20, 2022 at Stadio Olimpico in Rome, Italy – Photo: Federico Proietti/DPPI/LiveMedia

Досега, Мурињо ги има победено сите европски финалиња. Ја освои Лигата на шампионите со Порто и Интер , ја освои Лига Европа со Манчестер Јунајтед, а веќе споменавме дека ја освои првата Конференциска лига со Рома. Португалецот важи за единствен тренер со титули во сите три натпреварувања на УЕФА.

Вреди да се спомене дека победникот во финалето,, кое ќе се игра во Будимпешта, и воедно освојувачот на трофејот на Лига Европа, добива директен пласман во Лигата на шампионите.

Слични објави