Ливерпул го освои англискиот Лига куп

од Вести365.МК Ј.Р.

Ливерпул вечерва на „Вембли“ во Лондон го победи  Челзи во финалето на англискиот Лига куп со 1:0.

Основните 90 минути завршија без голови. Решавачкиот момент се случи во 118. минута кога дефанзивецот на „Црвените“, Вирџил ван Дајк се запиша во листата на стрелците.

Ливерпул по десетти пат во историјата го освои англискиот Лига куп. Тимот го држи рекордот по победи на турнирот. 

Последен пат тимот од „Енфилд“ го освои трофејот во 2022 година. 

Слични објави