Манчестер Јунајтед со убедлив триумф над Бетис го отвори патот кон 1/4 финалето во Лигата на Европа. Тимот од Олд Трафорд се врати со победа во Европа, откако дома беше поразен со 7-0 од Ливерпул, и со една нога е веќе во следната фаза. Во првиот натпревар, Рашфорд го донесе водството во 6. минута, но Ајозе Перез со убав гол во 32. минута го израмни резултатот. Ентони во 52. минута го врати водството на Јунајтед, а Бруно Фернандеш само шест минути подоцна донесе и трет гол. Вергост ги постави конечните 4-1 во 84. минута.
Севилја има 2 гола предност во дуелот со Фенербахче во Лигата на Европа. Шпанскиот тим триумфираше со 2-0 на вечерашниот меч на „Санчез Пизхуан“ со головите на Џордан и Ламела во вториот дел.
Јувентус мора добро да се испоти на реваншот со Фрајбург, за да мине во следната фаза. Вечерва тимот од Торино минимално го совлада Фрајбург со гол на Ди Марија во вториот дел. Но, вреди да се спомене и моментот од 62“-та минута кога на германскиот тим му беше поништен гол за 1-1, по прегледот на ВАР.
Шахтјор имаше предност над Феенорд од 1-0, но ја прокоцка во финишот, па холандскиот тим успеа да извади нерешено. Украинците водеа со голот на Ракицки, а израмни Булауд во 88. минута.