Лејкерс би можеле да го ангажираат Дончиќ по пензионирањето на Џејмс

од Вести365.МК Ј.Р.

Лос Анџелес лејкерс размислува да го придобие кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ, објави „Bleacher Report“.

Дваесет и петгодишниот кошаркар раководството на Лејкерс го смета за замена за 39-годишниот Леброн Џејмс кога Американецот ќе се пензионира.

Во НБА-сезоната 2023/24, Дончиќ одигра 70 натпревари во регуларниот дел од сезоната, со просек од 33,9 поени, 9,2 скока и 9,8 асистенции. Во плеј-офот словенечкиот кошаркар имаше 22 меча, 28,8 поени, 9,5 скока и 8,1 асистенции во просек по натпревар.

Слични објави