Леброн: Има моменти кога сме добри и моменти кога не сме, мора да продолжиме да работиме

од Вести365.МК Ј.Р.

 Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс е самокритичен по поразот (103:115) од Детроит ноќта понеделник кон вторник на гостински терен.

– Мораме да завршиме подобра работа на двете половини од теренот. Има моменти кога сме добри и има моменти кога не сме толку добри, па ќе кажам дека сè уште работиме на тоа… Мораме да одговараме на нивото на физичка подготвеност на секој натпревар, каков и да е. Успеавме во првото полувреме, но до одморот веќе бевме во негатива од 14 поени.

Треба да продолжиме да го правиме она што го бараат тренерите и да останеме позитивни без разлика што се случува на теренот. Секогаш има начини да се подобриме, изјави Џејмс.

Тој натпреварот го заврши со 20 поени, 11 асистенции и осум скокови.

Лејкерс со биланс четири победи и три порази се наоѓа на 9. место во Западната конференција од НБА-лигата. 

Слични објави