Ерлинг Халанд, напаѓачот на Манчестер Сити и репрезентативец на Норвешка, ќе биде отсутен на квалификациските натпревари за ЕУРО2024 поради повреда на препоните. Повредата ја доби во ФА купот против екипата на Барнли, што ќе го спречи да игра против Шпанија и Грузија оваа недела. Докторот на тимот на Норвешка, Ола Санд, потврди дека Халанд ќе остане да се рехабилитира во Англија.
Додека пак Антоан Гризман, напаѓачот на Атлетико Мадрид и репрезентативец на Франција, по одлуката на селекторот на Франција, Дидие Дешамп, да ја додели капитенската лента на Килијан Мбапе, бил крајно вознемирен. Според Ле Фигаро, Гризман дури размислува да се повлече од репрезентацијата. Гризман има 117 настапи за Франција и постигнати 42 погодоци.