Вечерва во рамките на АБА лигата, се играше 5-то дерби оваа година помеѓу вечните ривали KK Партизан и KK Црвена Звезда , истото не беше скандалозно и долго како во финалето на Купот на Србија, но сепак бевме сведоци на уште еден многу интересен и полн со набој напревар, впрочем како што и сме навикнале кога играат овие две екипи.
Партизан се врати од -20 и славеше со +11 против Црвена Звезда, во кој Недовиќ сe повреди на полувремето, а Кампацо не го заврши натпреварот поради пет лични грешки уште во третта четвртина,, па „црвено-белите“ потонаа во финишот , додека екипата на Жељко Обрадовиќ повторно покажа упорност и борбеност и го задржаа првото место во ова регионално такмичење.
Интересно беше и на прес-конференциите по натпреварот, каде тренерот на Црвена Звезда, Душко Ивановиќ изјави дека цврсто верува во својот тим и кога најмногу ќе треба – неговиот тим ќе извојува победа.
“За мене најважно од овој натпревар, а тоа го кажав и пред истиот да почне, е чувството што го имаме јас и моите играчи оваа сезона, а и по овој натпревар. Не е важно дали победивме или загубивме. Сигурни сме дека ќе победиме кога тоа најмногу ќе треба. Што е најдобро или најлошо за нас, и Партизан знае дека ние ќе победиме“, рече Ивановиќ.