Ибрахимовиќ е НАЈСТАРИОТ фудбалер на квалификации за ЕП

од Вести365.МК Ј.Р.

Напаѓачот на Шведска, Златан Ибрахимовиќ постави рекорд со настапот за националниот тим на мечот со Белгија. Со тоа шведскиот напаѓач со 41 година стана највозрасниот фудбалер што настапил на натпревар од квалификациите за ЕП.
Швеѓаните доживеаја дебакл од Белгија на свој терен (0:3) со хет-трик на Лукаку.
Претходно Ибрахимовиќ во поразот на Милан од Удинезе со 2:1 го постигна единствениот гол за „росонерите“ со што стана највозрасниот стрелец на гол во Серија А.
Швеѓанецот ќе го подобри рекордот на следниот меч против Азербејџан во второто коло од квалификациите.

Слични објави