За Зидан не е сè во парите,одбил 150 милиони евра!

Французинот Зинедин Зиданиа ја одбил понудата од саудискиот тим Ал Наср вредна 150 милиони евра за да стане нивен тренер.

Зидан, кој е единствен тренер во историјата со три последователни титули во Лигата на шампионите, добил супер богата понуда за двегодишен договор, но не е заинтересиран да го преземе тимот во кој во моментов игра Кристијано Роналдо.

Како главен тренер, Зидан има искуство само со Реал Мадрид, со кој испиша историја освојувајќи трите европски титули од 2016 до 2018 година. Од 2021 година е без работа. Се шпекулира дека е поврзан и со ПСЖ, Реал Мадрид и Јувентус. Исто така, е кандидат и за позицијата на селектор на Франција откако Дидие Дешамп ќе си замине. Парите не се негов интерес, бидејќи за него предизвикот и приоритетот е во Европа.

Слични објави