Жиру херој на Милан, за место во ЛШ!

Оваа сезона Милан направи голем подвиг и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите, натпреварување од кое ќе биде дел и наредната натпреварувачка сезона.

Ова стана јасно по денешниот епилог на дербито во Торино, кое заврши во корист на гостите од Милано. Со овој триумф и математички го осигурааат топ четири пласманот на коло пред крајот. Јувентус доживеа многу удари оваа сезона на различни полиња, а на крајот тоа резултира со лоша завршница и многу отворени прашања за тоа во кој правец ќе продолжи тимот. Вечерва, Милан славеше на „Алијанц стадионот“ благодарение на мајсторскиот гол со глава кој го постигна Оливие Жиру, што се покажа како доволно да се направи клучна разлика на теренот.

Со 67 освоени бода, Милан е сигурен на четвртата позиција и се пласираше во фудбалската елита во Европа, додека Јувентус останува седми на табелата зад Рома.

Слични објави