Ждрепка ЛЕ: Манчестер патува во Севиља, Јувентус во Лисабон

од Вести365.МК | А.П.

По супер интересната ждрепка за 1/4 финале и 1/2 финалето на Лигата на шампиони, попладнево во седиштето на УЕФА, Нион, се извлекоа и паровите за наредната фаза т.е 1/4 финалето во Лига Европа, каде како најинтересен се издвојува дуелот помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Се.виља.

Иако Севиља не игра најдобро, оваа сезона во Ла Лига,а Манчестер Јунајтед се смета за апсолутен фаворит, сепак статистиката вели дека кога и да се пласира во четвртфинале од Лига Европа го освојува ова натпреварување.

Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра со вториот најинтересен четвртфинален меч, дуелот меѓу Јувентус и Спортинг Лисабон.

Во другите четвртфинални средби ќе имаме и реприза на минатото финале од Конференциската лига, повторно се среќаваат Феенорд и Рома, а победникот од овој двомеч ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Баер Леверкузен и Унион Сен Жилоа.

Четвртфинале ЛЕ:

Манчестер јунајтед – Севиља

Јувентус – Спортинг

Баер Леверкузен – Унион СГ

Феенорд – Рома

Првите четвртфинални натпревари се играат на 13-ти април, а реваншите се закажани седум дена подоцна 20-ти аптил, додека полуфиналните дуели се планирани за 11-ти и 18-ти мај, а големото финале е закажано за 31-ви мај во прекрасната „Пушкаш Арена“ во Будимпешта која што има капацитет од 60.000 гледачи.

Слични објави