Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, му посака добредојде на специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар.
„На кратката средба пред почетокот на дијалогот помеѓу Белград и Приштина, разговаравме за фактот дека Северна Македонија со својата принципиелна надворешна политика базирана на дијалог и компромис, како домаќин на овој настан, е препознаена како кредибилен партнер на меѓународната заедница. Поддршката од нашиот стратешки партнер САД е исклучитено важна во овој процес“, истакна Ковачевски на својата официјална фејсбук страна.