Ема Хеминг до папараците: „Дајте му простор, дајте ни простор…“

од Вести365.МК | С.З.

Неодамна семејството на Брус Вилис откри дека на актерот му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД) – помалку од една година откако се повлече од актерството поради неговата борба со мозочното нарушување, афазија. Семејството на актерот минува низ тежок период. Здравјето на Брус е нарушено, а дополнителен проблем е тоа што постојано го демнат папараците. Неговата сопруга Ема Хеминг се огласи на својот Инстаграм профил и им објасни на папараците дека личноста која боледува од деменција поминува низ пеколот кога е опкружена со луѓе кои не ги сакаат.

„Видов неколку фотографии и видеа кои беа направени кога мојот сопруг излезе со другарите да пие кафе, а тие се обидоа да го заштитат за да не му пречат луѓето. До сите фотографи и сниматели кои се обидуваат да добијат некои ексклузивни слики, ве молиме – држете се на дистанца. Знам дека тоа е ваша работа, но ве молам престанете да викате на мојот сопруг. Престанете да го прашувате како е, да му се јавувате. Не правете го тоа. Дајте му простор, дајте ни простор да го однесеме на сигурно, од точка А до точка Б“, гласи апелот на сопругата на Вилис.

Слични објави