Елмас го подигна пехарот, Верона и Специја во бараж, Рома во ЛЕ, Јувентус во Конференциската лига!

Наполи ја освои својата трета шампионска титула во историјата, првата откако Диего Марадона го освои претходниот наслов. Иако Наполи усште пред неколку кола стана шампион, сепак вечерва и официјално пред своите фанови го подигнаа пехарот за освоеното Скудето. Во оваа сезона, македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас имаше значајна улога во успехот на Наполи. Тој стана вториот Македонец, по Горан Пандев, кој освои шампионска титула во Серија А.

Исто така, во последното коло, Верона и Специја доживеаа порази на своите гостувања и ја завршија сезоната со ист број на поени. Затоа, нивната судбина ќе биде решена преку бараж меч за опстанок во лигата.

Рома и Аталанта ги осигураа места во Лига Европа со денешните победи, Рома ја победи Специја со 2:1, а Аталанта декласираше Монца со 5:2. Јувентус, иако го победи Удинезе со 1:0, се наоѓа на седмото место и би морал да се задоволи со место во Конференциската лига Европа, освен ако не биде дисквалификуван во меѓувреме од страна на УЕФА.

Слични објави