Експлозија во погон на фабрика: Повредени тројца работници

Денеска (20.04.2023) околу 00.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во погон на фабрика во кругот на поранешна Железара настанала експлозија, при што со повреди се здобиле вработените Р.Ѓ.(41) од с.Студеничани, скопско, К.Ф.(29) од с.Мојанци, скопско и Р.С.(33) од с.Долно Количани, скопско. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични објави