Дрес на Вилт Чембрлен продаден за 4.9 милиони долари

од Вести365.МК Ј.Р.

Дрес на Лос Анџелес лејкерс, кој легендарниот кошаркар Вилт Чембрлен, го носеше во НБА финалната серија во 1972 година, е продаден на аукција за 4.9 милиони долари, соопшти денеска аукциската куќа Сотби.

Лејкерси во 1972 година ја освоија шампионската титула, совладувајќи го во финалната серија Њујорк со 4-1, а Чембрлен во петтиот натпревар постигна 24 поени и имаше 29 скокови и осум асистенции, иако играше со повредена десна рака.

Чембрлен ја почна професионалната кариера во 1958 година и освои две шампионски титули, четири пати беше прогласуван за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, а еднаш во финалната серија.

НБА кариерата ја заврши во 1973 година со 31.419 постигнати кошеви. Почина во октомври 1999. на 63-годишна возраст. 

Слични објави