Досега се познати 28 учесници на Светското фудбалско првенство догодина

од Вести365.МК Ј.Р.

Фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година по нерешениот резултат против Ирак (0:0) во Џеда.

Натпреварот од третото коло од четвртата фаза од азиските квалификации заврши без голови, но дури и тој резултат беше доволен „Зелените соколи“ да го обезбедат првото место во групата Б.

Иако и Ирак и Саудиска Арабија ја завршија групата со четири бода, подобрата гол-разлика им обезбеди место на Саудијците. Ирак ќе игра против Обединетите Арапски Емирати во петтото коло од азиските квалификации, а победникот од тој двомеч ќе се пласира во интерконтиненталниот плејоф за Мундијалот.

Саудиска Арабија со тоа стана 28-та репрезентација што обезбеди учество на СП, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Репрезентации кои досега обезбедија пласман на СП 2026:

АЗИЈА: Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија.

АФРИКА: Алжир, Тунис, Мароко, Египет, Гана, Зелен ’Рт, Јужна Африка, Брегот на Слоновата Коска, Сенегал.

КОНКАКАФ: Канада, Мексико, САД.

КОНМЕБОЛ: Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај.

Океанија: Нов Зеланд.

ЕВРОПА: Англија.

Слични објави