Овен
Љубов:
Ве очекува пријатно изненадување во средбата со саканата личност. Бидете доволно имагинативни и инспиративни во секој поглед.
Работа:
Изгледате весело и имате добри идеи. Важно е да чувствувате психолошка или материјална сигурност.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.
Бик
Љубов:
Посакувате емотивно зближување, но има компликации кои ве забавуваат. Важно е да имате добра идеја и силна волја.
Работа:
Треба да се договорите со колегите за почитување на различни деловни интереси, да ги користите вашите дипломатски манири.
Здравје:
Поттикнете го вашиот ведар дух и добро расположение.
Близнаци
Љубов:
Помеѓу вас и партнерот владее недоверба, но можни се изненадувања во двете насоки. Не зборувајте премногу.
Работа:
Не судете врз основа на првиот впечаток. Треба да исполните одредени услови и да ја промените вашата деловна тактика.
Здравје:
Обрнете внимание на работите кои позитивно влијаат на вашето расположение.
Рак
Љубов:
Во духот на емотивната инспирација, испланирајте романтична забава или нова љубовна средба. Ќе ви годи нечие внимание и наклонетост.
Работа:
Ваше е да ги создадете основните услови и да ја поведете главната иницијатива, а на некој друг е успешно да ги реализира вашите идеи.
Здравје:
Поттикнете го вашето добро расположение.
Лав
Љубов:
Средбата со една личност изгледа заморно, па барате различни изговори во обид да избегнете нечие друштво.
Работа:
Мора да имате јасна претстава за вистинските вредности кои се забележуваат во деловните кругови.
Здравје:
Доколку чувствувате психолошка напнатост, вечерните часови посветете ги на омилената тема и релаксација.
Девица
Љубов:
При средба со саканата личност, секое претерување носи спротивен ефект. Не го нервирајте партнерот.
Работа:
Трпеливо чекајте да стивнат негативните страсти и премолчете го вашето мислење. Важно е да се процени вистинскиот момент за акција.
Здравје:
Насочете ги мислите во позитивна насока, опуштете се.
Вага
Љубов:
Важно ви е да го шармирате партнерот, планирајте романтична забава во согласност со вашето меѓусебно расположение и афинитети.
Работа:
Одбивате да прифатите нечија услуга, што ве обврзува на партнерство под одредени услови.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, обрнете внимание на соништата.
Скорпија
Љубов:
Изгледате загрижено. Но, избегнувајте го принципот на казна или ривалство во односот со саканата личност.
Работа:
Имате претчувство дека некој ве залажува или дека ви се провлекува добра деловна можност. Почекајте подобри услови.
Здравје:
Важно е правилно да ги контролирате вашите внатрешни конфликти.
Стрелец
Љубов:
Партнерот нема намера трпеливо да ја чека вашата одлука, туку презема изненадувачки чекор и иницијатива. Логично, се си има своја цена.
Работа:
Вашите примарни интереси се од практична природа. Можете лесно да ги постигнете вашите деловни цели.
Здравје:
Во исхраната треба да внесувате повеќе течности и витамини.
Јарец
Љубов:
Нема потреба да тестирате нечие трпение или емоционална наклонетост. Не смислувајте „љубовни гатанки“ кои ја оптоваруваат вашата сакана личност.
Работа:
Самодовербата што ја чувствувате има позитивно влијание врз вашата околина. Знаете како да се најдете на вистинското место во одлучувачки момент.
Здравје:
Ќе почувствувате психичко олеснување, дури по искрена исповед со блиска личност.
Водолија
Љубов:
Важно е да се однесувате во согласност со вашите чувства. Ведриот дух и добрите намери даваат дополнителна сила.
Работа:
Впечатокот што го имате за деловните можности ќе се потврди како точен. Бидете доследни во вашите намери.
Здравје:
Вие сте во одлична форма.
Риби
Љубов:
Нема причина да ги преувеличувате вашите потреби кога се среќавате со саканата личност. Не можете лесно да промените нечија волја и мислење.
Работа:
Мислата дека сте пред другите ја одразува вашата потреба за доминација или потребата да воведете нови деловни правила.
Здравје:
Избегнувајте стресни или напорни ситуации кои ве исцрпуваат.