Денвер ја победи Минесота и изедначи во серијата во НБА плејофот

од Вести365.МК Ј.Р.

Денвер нагетс ноќеска ја победи Минесота тимбервулвс на гостински терен во четвртиот натпревар од второто коло на НБА плејофот со резултат 115:107.

Најефикасен кошаркар на паркетот беше Ентони Едвардс, кој постигна 44 поени, но и тоа не беше доволно Минесота да го избегне поразот.

Кај Нагетс, центарот Никола Јокиќ постигна 35 поени.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 2:2. 

Следниот натпревар ќе се одигра на 15 мај на теренот на Денвер

Слични објави