Поради забраната за влез на невакцинирани странски државјани во Соединетите американски држави, Новак Ѓоковиќ не настапи на Индијан Велс, а нема да настапи ни на Мајами Опен. Од Американската тениска федерација, сепак, се надеваат дека рестрикциите ќе бидат надминати и Ѓоковиќ ќе биде дел од последниот грен-слем турнир на сезоната.
Портпаролот на АТФ, Крис Видмаер, објаснува дека самите турнири не ги ограничуваат настапите поради невакцинираност, туку правилата ги одредува Белата куќа. Тој исто така нагласува дека Ѓоковиќ како еден од најдобрите тенисери во историјата е добредојден на турнирите.
„За УС Опен не постојат рестрикции за било кој играч, навивач… Ѓоковиќ кој е еден од најголемите шампиони на нашиот спорт ќе биде добредојден да се натпреварува на нашиот турнир“, вели Видмаер.