Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Попович, имал мозочен удар, соопшти клубот од НБА.
Попович е еден од најдолгогодишните тренери во историјата на НБА и еден од најодликуваните, а најпрвин Сан Антонио само објави дека ќе отсуствува на неодредено време.
Сега е откриена малку помрачна реалност и фактот дека имал мозочен удар, а можеби е среќа во несреќа што наведуваат дека бил поблаг.
Нападот го имал на 2 ноември во Фрост Банк и почнал со рехабилитациониот процес кој сега е во тек.
Спарс откриваат дека се очекува негово целосно закрепнување во наредниот период, но не можат да прецизираат кога тоа ќе се случи.
Воедно, тие им се заблагодаруваат на навивачите и заедницата на Сан Антонио за обезбедувањето приватност и мир во текот на претходните денови за семејството на легендарниот тренер.
Поповиќ има 75 години, а на клупата на Сан Антонио е од 1996 година. Ја создаде генерација и чудесното трио Данкан, Џинобили, Паркер, кое го формираше еден од најдобрите тимови во последните 30 години.
Тој освои пет шампионски прстени во НБА со Сан Антонио, а многумина веруваат дека Спарс ја одиграа најубавата кошарка во 2014 година при освојувањето на нивниот засега, последниот прстен.