Македонскиот репрезентативец, Дориан Бабунски игра во одлична форма пред почетокот на еворпските квалификации. Помладиот Бабунски стигна до десет постигнати голови оваа сезона во дресот на Дебрецен, а дел од нив беа одлучувачки за победа на својот тим. Посебно добри настапи Бабунски прикажува во последниот месец и токму затоа го доби и признанието за најдобар фудбалер во најсилната конкуренција во Унгарија. Наградата за македонскиот фудбалер беше доделена од познатиот унгарски медиум „М4 Спорт“.
Секако дека ова е дополнителен мотив за Дориан пред настапите за националниот тим. Македонија на 23-ти март во Скопје ќе ги започне квалификациите против Малта.