Гилџус-Александер со личен рекорд ги реши Клиперс, Кливленд стигна до дванаесетта победа по ред

од Вести365.МК Ј.Р.

Оклахома Сити ја прекина победничката серија на Лос Анџелес Клиперс, а Шеј Александер-Гилџус релизираше дури 45 поени за нов личен рекорд во НБА лигата.

Чет Холмгрен го пропушти натпреварот поради повредата заработена на дуелот со Голден Стејт, но Оклахома Сити успеа да ги скроти гостите кои играат во одлична форма.

Вилијамс со 28 и Дорт со 19 поени му помогнале на домашниот тим да стигне до посакуваниот резултат, а Пауел со 31 поен повторно бил најдобар реализатор во редовите на Клиперс.

Кливленд ја продолжи перфектната серија и стигна до дванаесетта победа по ред од почетокот на сезоната, а Донован Мичел постигнал 36 поени, најмногу сезонава, во победата на Чикаго.

Зек ЛаВин со 26 поени бил најдобар поединец кај Булс, во чии редови Вучевиќ и Вајт стигнале до 20 поени.

Кавс се само осмата екипа во историјата на НБА која стигнала до ваков старт на една сезона.

Американските медиуми се воодушевени и од настапот на Виктор Вембанјама во победата на Сан Антонио над Сакраменто, во која францускиот кошаркар стигна до 34 поени, а Спарс ја прекинаа лошата серија.

Чикаго – Кливленд 113:119

Хјустон – Вашингтон 107:92

Њу Орлеанс – Бруклин 105:107

Оклахома – Л.А Клиперс 134:128

Сан Антонио – Сакраменто 116:96

Слични објави