Гвардиола: Сакам да водам репрезентација на светско првенство

од Вести365.МК Ј.Р.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека кон крајот на кариерата би сакал да води репрезентација на Европско или Светско првенство.

Шпанецот има договор со „граѓаните“ до јуни 2025 година, а во неколку наврати изразил подготвеност и понатаму да остане во клубот.

– Би сакал да го доживеам чувството како селектор на Светско, Европско првенство или Копа Америка. Сакам да го имам тоа искуство. Не знам кога – за 5, 10 или 15 години, но би сакал да бидам на Светското првенство како селектор, одговори Каталонецот на прашање од „ЕСПН Бразил“ дали по заминувањето од Сити би сакал да преземе некоја репрезентација.

Пред извесно време Гвардиола беше поврзуван токму со репрезентацијата на Бразил, а во Англија тврдат дека е можно во одреден момент да стане селектор на „трите лава“

Слични објави