Во куќата на актерот најдени 72 парчиња оружје, немал дозвола за ниту едно

од Вести365.МК | М.Т.

Полицијата во куќата на познатиот актер Ален Делон пронашла и запленила 72 парчиња оружје за кое тој не поседува дозвола.

Како што пишува „Гардијан“, оваа информација ја потврдиле и од обвинителството, а покрај оружје, полицајците во домот на Делон пронашле и 3.000 парчиња муниција, а имал и полигон за стрелање на неговиот селски имот во Монкорбон, 135 километри јужно од Париз.

„Делон нема овластување за поседување огнено оружје“, изјавил локалниот обвинител Жан Седрик Гау, објавија споменатите медиуми.

Наводно, претресот бил нареден откако службеник назначен од судот отишол во домот на Ален и го забележал оружјето. Се проценува дека имотот на актерот вреди милиони, а минатата година во јуни на аукција продал околу 80 уметнички дела за повеќе од осум милиони евра.

Слични објави