Горди сме на нашето минато и нема да дозволиме тоа некој да ни го погази или присвои, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Горди сме на нашите предци и на нивната саможртва да ја изградат Македонија. Тие се нашиот пример дека со сплотеност и одлучност можат да се постигнат сите цели.
Борбата за Македонија никогаш нема престане, стои во партиското соопштение.
Од партијта соопштија и дека делегација предводена од Марија Митева портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Бојан Христовски претседателот на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска по повод државниот празник 2-ри Август -Илинден положија свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ (Парк Жена борец), споменикот на Никола Карев (пред Собранието на Република Македонија), како и пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто (Плоштад „Македонија“).
