Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува стартот на квалификациите за Европското првенство. Во првата рунда на арената „Тодор Проески“ доаѓа Малта, а веќе започнаа мини-подготовките за овој дуел.
Селекторот Благоја Милевски го свика тимот вчера во хотелот „Хилтон“ во скопската населба Аеродром, па почна и тренажниот процес. Со задоцнување пристигнаа дел од интернационалците. Аријан Адеми и Стефан Ристовски вчера попладне играа за Динамо Загреб, капитенот на „модрите“ имаше емотивен ден бидејќи го одигра последниот меч во овој клуб. Сега, мислите треба да се насочат кон Малта и стартот на евро-квалификациите.