Белингем прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата

од Вести365.МК Ј.Р.

Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд Џуд Белингем е прогласен за најдобар фудбалер на сезоната во германското првенство, објави официјалниот сајт на лигата. Деветнаесетгодишниот играч од средниот ред минатата сезона одигра 31 натпревар во Бундеслигата, постигнувајќи осум гола и пет асистенции. Борусија ја заврши сезоната на второто место, испуштајќи ја титулата по ремито 2:2 против Мајнц во последното коло. Неодамна беше објавено дека следната недела Англичанецот и официјално ќе стане играч на Реал Мадрид.

Слични објави