Бектеши најави ПОЕВТИНО БРАШНО од следната недела

од Вести365.МК Ј.Р.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека од следната недела поевтинува брашното, но не со владина мерка, туку преку неформална обврска која си ја зеле производителите.

„Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително НАМАЛУВАЊЕ на цената на БРАШНО, од нашите производители! Нашата држава има општествено одговорни компании!“, објави министерот на социјалните мрежи.

Во својата последна мерка, Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот, а беше најавено дека истото ќе следи за брашното и шеќерот доколку пазарот сам тоа не го стори.

Слични објави