Во првото полуфинале на Купот на Шпанија, Реал Мадрид загуби од Барселона и сега ќе има тешка задача на реваншот на „Камп Ноу“. На мечот на „Сантијаго Бернабеу“, домашните фудбалери имаа привидна иницијатива, но делуваа инфериорно, со 13 неуспешни шутеви кон противничкиот гол. Ова е многу ретка ситуција во која се најде Реал Мадрид бидејќи ваков статистички лош натпревар кога станува збор за ударите кон противничкиот гол го имале пред 13 години на свој терен, а во Ел Класико дуелите не шутнале во рамките на голот на Барселона за прв пат по сезоната 2013/14. Барелона го доби овој натпревар со 1-0 и тоа со автоголот на Милитао во 26та минута од натпреварот.
Барселона поуспешна од Реал Мадрид во првиот полуфинален натпревар од „Копа дел Реј“
предходна објава