Барса со фудбалер помалку, ја победи Валенсија

од Вести365.МК | С.З.

Барселона со фудбалер помалку ја победи Валенсија 1-0. Рафиња ја донесе победата во 15 минута кога постигна гол со глава по асистенција од Бускетс. Каталонците промашија и пенал, а Араухо заработи црвен картон. Во 55. минута можеше да биде 2-0, но Феран Торес не реализираше од белата точка. Драмата се зголеми четири минути подоцна кога Араухо доби црвен картон, Барселона остана со фудбалер помалку. Но и покрај тоа, каталонците успеаа да ја сочуваат предноста до крајот на мечот и да се израдуваат на уште една победа од 1-0.

Слични објави