Последните 48 часа во Минхен беа преполнети со коментари и најави за предстојниот голем натпревар против Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но ова имаше негативен ефект во домашното првенство.
Баерн влезе како голем фаворит во мечот против Баер Леверкузен, но популарните „фармацевтите“ го потврдија својот напредок под водство на Чаби Алонсо со голема победа на „Бај Арена“.
Во првото полувреме, гостите од Минхен постигнаа гол преку Кимих, но во продолжение на мечот двапати беа шокирани по одлуките од страна на ВАР системот.
Судиите од ВАР собата двапати го повикаа главниот судија Штилер да проверува сомнителни одлуки, а во двата случаи беа донесени исти одлуки. Леверкузен доби два пенали по видео проверките, а сигурен реализатор на двата удари од “белата точка” бeше Паласиос.
По овој непријатен пораз Баерн го препушта врвот на табелата во Бундеслигата, каде што актуелниот шампион заостанува еден бод во однос на екипата на Борусија Дортмунд.