Ахмети утре во 11 ќе соопшти голема вест, најавија од ДУИ

„Али Ахмети носи голема вест“, беше постерот кој пред неколку дена стана вирален на социјалните мрежи, а масовно го споделуваа поддржувачите на Демократската унија за интеграција.

Сепак, денеска беше објавен датумот и времето кога претседателот на ДУИ, Али Ахмети ќе ја соопшти оваа голема вест.

Утре, четврток, во 11:00 часот преку директно вклучување на Фејсбук, Ахмети ќе ја соопшти големата вест.

Информацијата ја соопштија функционери и активисти на ДУИ на социјалните мрежи.

Слични објави