Откако Советот на Град Скопје на минатата седница донесе Одлука за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот којшто е во сопственост на Град Скопје, на денешната седница советниците треба да гласаат за решение за запирање на оваа одлука, поднесено од градоначалничката Данела Арсовска, објави Слободен печат.
Арсовска и на минатата седница кога се расправаше за одлуката, посочи дека таа е незаконска и доколку се усвои, нема да ја спроведе. Што ќе се случува денеска, на седницата на Советот која започнува во 11 часот, останува да се види, но судејќи по она како досега се одвиваат седниците и на нетрпеливоста која владее помеѓу Арсовска и советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои го имаат мнозинството во Советот, решението нема да се усвои.
Според Законот за локална самоуправа, ако градоначалникот смета дека прописот на Советот не е во согласност со Уставот и законите, должен е во рок од седум дена од денот на доставувањето со решение да го запре неговото објавување со тоа што ќе ги образложи причините за запирањето. Но доколку Советот ја потврди својата одлука и го отфрли решението за запирање на одлуката, тогаш градоначалникот може да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуката пред Уставниот суд.
Целиот текст тука.