Албанскиот фудбалер се извини без да ги спомене Македонците

од Вести365.МК | М.Т.

Мирлинд Даку, преку социјалните мрежи испрати извинување со цел да избегне казна поради која може да го пропушти останатиот дел од ЕП 2024.

Во неговата објаба тој им се извинува на македонските граѓани, но без воопшто да ги спомне конкретно.

Извинете ако некого навредив по натпреварот со Хрватска, ефектот на играта си го направи своето.Продолжувам да работам за целиот тим за нашите соништа-напиша Даку.

 Даку предизвика скандал навредувајќи ги Македонците и Србите со скандирање на погрдни имиња во мегафон, а во тоа го придружуваа навивачите од трибините.

Тој по мечот на разглас извикуваше „Qifsha Maqedonien“ додека навивачите ракоплескаа.

Воедно тој ги навреди и Србите.

За однесувањето на Даку истрага отвори и УЕФА.

Слични објави