Адвокатите на Диди се обидуваат да ги замолчат сведоците: „Не ги спомнувајте забавите“

од Вести365.МК | М.Т.

Правниот тим на уапсениот музички магнат Шон Диди Комбс се обиде да блокира сведок кој изнел сериозни тврдења за наводните „фрик-оф“ забави на раперот. На овие забави, тврди сведокот, Диди ги терал жртвите на интимни односи со проститутки, а тој наводно снимал се без нивно знаење, пренесува ABC News.

Неговите адвокати, Марк Агнифило и Тени Гарагос, се пожалија на „прекумерно медиумско внимание пред судењето“ и побараа од судијата да им нареди на потенцијалните сведоци да се воздржат од давање изјави. Во писмото до судијата, тие истакнаа дека некои поединци „го загрозуваат правото на Комбс на правично судење и интегритетот на процесот“.

Тие конкретно се осврнаа на неговата поранешна пријателка Кортни Бурџис, која во повеќе интервјуа изјави дека видела видеа од познати личности како жртви на злогласните забави на Диди.

Потсетуваме дека Диди е уапсен во Њујорк и е во притвор и се соочува со обвинувања дека сексуално напаѓал жени и ги терал да учествуваат во секс забави и да користат дрога, користејќи закани и насилство.

Неодамна против него беа поднесени уште пет пријави. Меѓу тужителите има двајца мажи и три жени, од кои едната тврди дека имала 13 години кога Комбс ја силувал. Дополнително, Комбс се товари дека дрогирал еден маж и три жени.

Слични објави