Хашкиот трибунал ги осуди Станишиќ и Симатовиќ на 15 години затвор

од Вести365.МК Ј.Р.

Поранешните шефови на Службата за државна безбедност (СДБ) на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, се осудени на по 15 години затвор, Меѓународниот преостанат механизам за кривични судови со седиште во Хаг ја изрече својата пресуда, за помагање и поттикнување на извршување на воени злосторства во Босански Шамц.

Со правосилна пресуда тие се прогласени за виновни и за делата во Бјелина, Зворник, Добој, Трново и Сански Мост, со што се прифати дел од жалбата на Обвинителството.

Ова беше најдолгата постапка на Хашкиот трибунал, која траеше 20 години, а воедно и последна жалбена пресуда на овој суд.

На 30 јуни 2021 година, во повторен судски процес, Станишиќ и Симатовиќ беа осудени на по 12 години затвор за злосторства во Босански Шамац, за помагање и поттикнување на прогон, убиства, депортирање и присилно преселување на муслиманите и Хрватите од овој град во пролет 1992 година.

Утврдено е дека злосторствата во таа општина ги извршила специјалната единица на српските сили „Црвени беретки“, која била под контрола на Станишиќ и Симатовиќ.

Во жалбата против првостепената пресуда, изречена во повторената постапка, Обвинителството побара Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ да бидат осудени за здружениот злосторнички потфат (УЗП) во кој биле вмешани поранешниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ и други високи функционери. . Беше побарано и тие да бидат осудени за злосторства извршени, не само на територијата на Босна и Херцеговина, туку и во Хрватска, за време на војните во раните 1990-ти.

Слични објави