Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, синоќа во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 порача дека само актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски би можел да му конкурира на претседателските избори.
– Зависно од кампањата, реално и според анкетите само Пендаровски би можел да не предизвика во првиот круг, за тоа кој ќе влезе во вториот одлучувачки, рече Таравари.
Претседателот на Алијанса, во чија партија се случува раскол со крилото на Зијадин Села, е номиниран како кандидат за претседател од страна на коалицијата „Европски сојуз“.
Истакна дека има реални шанси да влезе во вториот круг од претседателските избори.
– Според сите дискусии што сме ги направиле, со оглед на моменталното расположение, мислам дека имаме реални шанси да влеземе во вториот круг од претседателските избори. Доколку ДУИ и СДСМ одат со заеднички кандидат, тоа ќе ни ги зголеми шансите уште повеќе. А дали ќе победиме на претседателските избори, тоа е тешка мисија сега за сега, да не речам, невозможна, порача Таравари.