ТАВА за Макрон

Демонстрантите гневни поради промените во францускиот пензиски систем го пречекаа францускиот претседател Емануел Макрон со свирења, транспаренти и тропање со тави кога тој денеска посети фабрика на истокот од земјата.

Макрон го отфрли своето незадоволство, велејќи дека тавата нема да и помогне на Франција да оди напред, објави Ројтерс.

Појавувањето на Макрон во Мутершолц е негов прв јавен „излет“ надвор од главниот град откако потпиша непопуларен закон за зголемување на старосната граница за пензионирање што значи дека граѓаните треба да работат уште две години пред добивање целосна пензија, соопшти агенцијата.

Тој рече дека не е можно општеството само да ги слуша оние што „креваат најмногу врева“ во обид да ги нагласи позитивните аспекти на француското трудово законодавство.

Демонстрантите го чекаа Макрон пред фабриката што ја посети во источниот регион на Алзас. Француските медиуми објавија дека во фабриката дошло до краток прекин на струја.На прашањето дали зад тоа стои синдикатот Се-Зе-Те претставникот на тој синдикат одбил да одговори.

Слични објави