Србин убиен од огнено оружје во Колумбија: На раката имал хотелска нараквица

од Вести365.МК Ј.Р.

Српскиот државјанин Слободан Марјановиќ (45) е застрелан во близина на крајбрежниот град Санта Марта на северот на Колумбија, објавија медиумите од таа јужноамериканска земја, повикувајќи се на неименувани извори од локалната полиција. Безживотното тело го пронашле локалните жители во неделата вечерта околу 00:05 часот по локално време, на пат во рурална област надвор од градот, пишува Хој Диарио дел Магдалена во своето онлајн издание.

Очевидци ѝ кажале на полицијата дека претходно слушнале истрели и виделе автомобил како се оддалечува во правец на Санта Марта, но не ја препознале марката или деталите на автомобилот бидејќи било темно. Еден сведок и рекол на полицијата дека мажот бил застрелан во автомобилот, а потоа исфрлен на патот, пренесува Ел Информадор.

Кај жртвата биле откриени три прострелни рани во пределот на главата. Телото потоа е пренесено во градската мртовечница на обдукција, каде треба целосно да се идентификува и каде се очекува да пристигне роднина. Локалната полиција, која сè уште не го знае мотивот на убиството и води истрага, не одговори веднаш на прашањата на Хина.

Санта Марта е туристички град на брегот на Карипското Море со речиси 500.000 жители.

Убиениот на раката ја имал нараквицата од хотелот во кој можеби престојувал, кој се наоѓа во областа на градот наречен Ел Родадеро.

Слични објави