На германскиот Формула возач Мик Шумахер, син на славниот Михаел Шумахер, во љубовниот живот цветаат рози.
Како што пренесуваат странските и регионалните медиуми, синот на Шумахер е во среќна врска со убавата Лајла од Босна и Херцеговина. Мик на Инстаграм објави заедничка фотографија со својата партнерка, а судејќи по фотографијата љубовта меѓу нив цвета.
Сега се поставува прашањето – која е убавата Лајла од Босна?

Лајла е по потекло од Босна, но е родена во Данска и пораснала таму. Кога имало војна во Босна и Херцеговина, нејзините родители побегнале во Данска, пишуваат локалните медиуми, а таа со текот на времето таму изградила успешна кариера како модел.
Во 2019 година, таа си ја пробала среќата на изборот за Мис Универзум во Данска.
