СДСМ најави минимална плата од 36.000 денари и просечна од илјада евра во новиот мандат

Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот мандат на СДСМ, најави СДСМ. Велат во новиот мандат на СДСМ просечната плата ќе биде над 1.000 евра, додека пак минималната ќе биде 600 евра, велат од партијата.

Тие додаваат дека СДСМ ги остварува ветувањата на граѓаните, а така и го започна својот прв мандат, со ветување за зголемување на просечната плата од 500 евра, која достигна уште поголем износ од 650 евра. Тука не застануваме, затоа што платите на граѓаните ќе продолжат секојдневно да растат – коментираат од партијата

Европски стандард за сите, подобри услови за стопанството, раст на економијата, одговорност за менаџирање со буџетот, со што всушност се овозможува платите на граѓаните секојдневно да растат, е во фокусот на СДСМ и во новата програма, стои во соопштението.

Слични објави