СДСМ: Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство само ако го поддржи европскиот пат

Пред сите партии и пратеници во македонското Собрание е одлуката: интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција. Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство и за реализација на националните и стратешките цели на земјата само доколку го поддржи европскиот пат и потребните реформи, велат од СДСМ.

Додаваат дека после 17 години стоење во место, започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. Скринингот тече одлично и наскоро ќе финишира.

– Државата има историска шанса за продолжување на европскиот пат. Имаме силна поддршка од ЕУ и САД во значаен геополитички момент којашто треба да ја искористиме затоа што следна ваква шанса, ниту нов договор нема да добиеме. Сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните и иднината на државата, со глас за Европа да дојдеме до остварување на уште една стратешка цел – членство во ЕУ, нагласуваат тие.

Се додава дека Мицкоски се уште има шанса да се престрои на страната на државните интереси и да се приклучи на европскиот пат.

Слични објави