Ковачевски да одбере – Ахмети и ДУИ или Македонија. Ковачевски да се оттргне од прегратките на ДУИ, да дојде на лидерска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат СДСМ да не се однесуваат детски, лидерска средба, не е средба за ПР, туку средба од која треба да произлезат реални заклучоци.
– Ковачевски да се охрабри да дојде на лидерска, на која ќе се разговара што после неуспехот на уставните измени. Одговорност за погрешните политики, и водење на државата спротивно на ставот на 80% од Македонците мора да има, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Нагласуваат дека Ковачевски мора да одбере дали ќе продолжи слепо да ги слуша ДУИ или ќе покаже малку интегритет и ќе дојде на лидерска.
– Време е Ковачевски да одбере – Ахмети и ДУИ или Македонија, стои во соопштението.