Американскиот актер Роберт де Ниро стана татко по седми пат, пренесува британскиот весник Independent.
Во интервју за ET Canada објавено денеска, 79-годишниот актер отворено зборуваше за родителството додека го најавуваше својот нов филм, а кога репортерот, поставувајќи прашање, забележа дека знаел дека Де Ниро има шест деца, актерот ја поправи: „Седум, всушност“.
Само што добив бебе“, изјави Де Ниро за време на интервјуто.
Медиумскиот претставник на Де Ниро подоцна го потврди написот на канадските медиуми дека актерот станал татко по седми пат, но не се знае која е мајката на новороденчето.
Де Ниро и неговата прва сопруга, американската актерка Дајан Абот, со која беше во брак до 1988 година, ги имаат ќерката Дрина (51) и синот Рафаел (46). Тој имаше близнаци, 27-годишните Џулијан и Арон, во 1995 година со неговата тогашна девојка, моделот Туки Смит. Де Ниро има и син Елиот (25) и ќерка Хелен Грејс (11) со неговата поранешна сопруга Грејс Хајтауер.