Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Ковачевски

од Вести365.МК Ј.Р.

Меѓудругото токму поради ваквите евтини трикови и надмудрувања кои беа очекувани од СДС и Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ повика да се укине техничката влада, што Ковачевски истото го одби. 

Со цел да се постапи државнички и одговорно ВМРО-ДПМНЕ прифати да учествува во техничката влада, без да го гласа техничкиот премиер Џафери од ДУИ. 

ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став, и имињата за министри и заменици, согласно законот ќе бидат предложени наредната недела. 

Останува на власта дали ќе одбере да го почитува законот, или истиот ќе го крши, што само ги открива и позадинските намери за загрозување на изборниот процес што е доказ за огромната доза на нервоза кај власта во заминување. 

Правото не познава предлози за министри, “празно место” како што изјавува Ковачевски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Слични објави